Незадоволните членови на „Шарената револуција“ кои во 2015 година ги предводеа протестите против тогашната власт повторно најавуваат дека ќе се активираат. Но, ако пред пет години тие беа главни во борба против Никола Груевски, овојпат нивна цел е Зоран Заев.
Како што дознава „Пресинг ТВ“, десетина водечки активисти на „Шарената револуција“ се револтирани од односот на лидерот на СДСМ кон нив по доаѓањето на власт. Заев не само што заборавил што тие направиле за тој да дојде на власт туку и целосно се дистанцирал од поранешните соборци.
Како што тие велат, Заев дури и си ги припишал заслугите за тоа што СДСМ дошол на власт, иако било јасно дека тој само неколкупати се појавил на протестите, додека членовите на „Шарената револуција“ секојдневно биле на улиците.
„Шарените“ биле особено лути откако ја слушнале аудио снимката на Заев на која тој се фали дека сите невладини органации се под негова контрола.
Но и покрај тоа што Заев тврди дека тие се „негови деца“, „шарените“ не добиле ниту цент од половина милион евра што Владата неодамна им ги даде на четириесетина невладини организации.
Во групата која треба повторно да се активира во борба против Заев се наоѓаат вработени во Институти кои се занимваат со евроинтеграции, еден од првите активисти во НВО секторот во Македонија, неколкумина новинари од телевизија и печат, како и неколкумина професори.
Тие повремено одржуваат состаноци на кои се разработува стратегијата против Заев и подготуваат Платформа за натамошното дејствување која треба да биде објавена пред почетокот на изборите.
Очекуваат таа да биде прифатена од партиите од кои ќе бараат поддршка во борбата против СДСМ бидејќи доцна сфатиле дека вешто биле злоупотребни и изманипулирани од Зоран Заев.
Comments are closed for this post.