Македонија треба да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон. Усогласувањето ќе подразбира и спојување на зелената карта со полисата за автоодговорност, каде што пак, исто така, се најавуваат промени во делот на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност.

Ова го најавува претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски во интервју за МИА.

– Македонија има регулирани цени за задолжителното осигурување и исто така е една од ретките држави која има политика на одделна полиса и цена за зелена карта и поради тоа постои забуна во јавноста околу концептот со зелена карта. Во земјите од ЕУ, меѓутоа во Србија, Црна Гора, БиХ, само не Албанија и Косово, зелената карта не претставува посебна полиса, туку таа е вклучена во цената на полисата на автоодговорност што се купува при регистрација на возилото. При тоа во овие земји се плаќа доплаток од пет до 20 евра за печатење на зелената карта, а не е тоа премија за зелена карта. Затоа во овие земји цената за автоодговорност е на повисоко ниво отколку во Македонија. Пример во Црна Гора е 125 евра, а кај нас 80 евра за патнички возила, но кога ќе се додаде и зелената карта тоа на некој начин ќе се доближи, појасни Попоски.

За тоа дали би се променила цената кога би се либерализирал пазарот, тој вели дека искуството од земјите што поминале како Хрватска, Бугарија, Романија и Албанија просечната цена имаше тренд на намалување, кој траеше и до пет години, но тогаш се констатира дека компаниите не можат редовно да ги сервисираат штетите предизвикани од сообраќајни нереќи и немаа доволно капитал да ги покријат штетите. Потоа, додава, Попоски, компаниите мораа да е докапитализираат и на таа сметка мораа да ги корегираат цените нагоре. На пример во Бугарија за 30 проценти се зголемени цените оваа година во споредба со лани.

Тој потенцира дека засега не се знае каков концепт ќе се примени, но може да се направи, како што вели, и да нема голема промена на цените.

Попоски истакнува дека нема временска рамка тоа кога би се случило, но оти тие како регулатор и самата индустрија се подготвени