Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  за емисијата „Детектор“  истакна дека за жал денеска во Македонија младите ги држи само семејството.

-Сметам дека наредната влада која што ќе дојде, јас сум убеден дека тоа ќе е на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво треба да се погрижи за политичката одговорност која што ја има како партија, односно ако ветиме тоа, тоа и тоа дека ќе го направиме за младите да го направиме. Мислам дека како политичари наша е одговорноста да созададеме систем каде што младите ќе веруваат во државниот апарат, посочи Нелоски.