„Некои сакаат поделба на ПЈРМ, и за тоа ќе зборувам кога ќе дојде време“, рече денес во својот прв говор Никос Коѕијас откако поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи на Грција.
Очигледно, Коѕијас уште не може да го преболи тоа што „беше исфрлен на пат“, па неговите говори имаат и отровни стрели кои не се насочени само кон Панос Каменос.
Во говорот во Ираклион на Крит, Коѕијас во однос на Македонија рече:„Дали сакаме поделба на соседната земја, како што некои сакаат – и за ова ќе зборувам кога ќе дојде време – или мирен соживот на Балканот“?
Што се однесува до името, тој рече дека при гласањето во Скопје било истакнато дека ПЈРМ (во светот дестици држави земјата ја викаат Македонија) го менува своето име во „Северна Македонија“.
„Никој не може да оди во странство и да зборува што ќе му текне, земи ги своите пријатели и патувај“, истакна мислејќи на Каменос и неговата изјава во САД за План Б.
Коѕијас исфрли уште неколку бомби во својот говор, а две се особено значајни. Првата се однесува на грчко-турските односи, за што најави дека подетално ќе зборува во Комотини.
„Се обидувме да го држиме под контрола ѕверот наречен Турција, што не зависи само од нас, но тоа не е знак на наша слабост“, рече Коѕијас.
Тој истакна дека Грција за прв пат по 1948 година ја проширува својата територија и тоа на море. Според него проширувањето е значајно зашто се добива територија поголема од Тесалија. Според Коѕијас, ова проширување ќе биде потврдено со декрет заверен со претседателските потписи на Грција и на Албанија.
Comments are closed for this post.