Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот тефтер на криминогената власт, во кој има список креиран според тоа кој има поголеми партиски заслуги. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што наведе партискиот портпарол, Наум Стоилковски, последна од институциите во редот за партизација на администрацијата е ЈП Македонски шуми, каде што се одвива, како што исткна Стоилковски, мрачниот систем на оваа криминогена власт по теркот „Ќе смениме се од хигиеничар до министер и така имаме намера да владееме“, најавен и реализиран од Зоран Заев.
Само годинава на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ вметнати се најмалку 30 партиски членови на СДСМ и тоа од роднини на Кавадаречкиот генералниот директор на Македонски шуми, до синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото Јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, но со една заедничка линија- партиската определба. Оваа акција е спроведувана подружниците во Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места – вели Стоилковски.
Како што потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е дел од проектот за партиски вработувања според црни списоци правени во општинските организации на СДСМ за пополнување на администрацијата, нејзина целосна партизација со вработувања во општините, училиштата, градинките, и Јавните претпријатија Комунална хигиена и Македонски шуми.
Црната партизација на администрацијата во ЈП Македонски шуми е продолжение на полнење на администрацијата со мајки, сестри, тетки, вујни, деца на актуелни пратеници и функционери во извршната власт, во локалната власт, на градоначалници, на видни членови и звучни имиња од социјалдемократскиот табор – потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.