Не е точно дека Беса е против „македонско“ во државjанството, нагласува за Пресинг Тв, Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса.
Тој вели дека траат разговорите помеѓу работните групи и дека се бара начин како да се најде прифатливо решение за Албанците.
Ние разбираме дека „македонско“ во државјанството е многу важно за Македонците. Она што сакаме е како тоа да биде одвоено од граѓаните што се Албанци и да се најде некаков модалитет. Еден од предлозите е за нив да стои само граѓани на Република Северна Македонија“-објаснува Реџепи за Пресинг Тв.
Comments are closed for this post.