Aмбасадорот на Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, го посети притворениот косовски државјанин, Томор Морина, во затворското одделение во Шутка. Како што пренесе Дедај, Морина се чувствува добро и не се жалeл на ништо. Досега во негова посета биле и некои негови роднини.
По посетата амбасадорот Дедај на својот Фејсбук профил напиша дека Томор е многу добро, оти се чувствува невин и очекува да биде ослободен.
– Им се заблагодаруваме на институциите на Република Северна Македонија, дирекцијата на затворот Шутка во Скопје, за коректниот и пријателскиот третман што ни дозволи наша посета на поранешниот војник на ОВК, Томор Морина, приведен неодамна од властите на Северна Македонија, врз основа на меѓународна потерница за апсење на Интерпол. Томор е многу добро, мирен e. Се чувствува целосно невин, достоинствен и оптимист, чекајќи ослободување бидејќи правдата е на негова страна и очекуваме дека многу скоро ќе се врати со неговото семејство и во Косово, пишува амбасадорот Дедај на Фејсбук.
Comments are closed for this post.