Вчера МВР издаде потерница за Шеваљ Муаереми водачот на Дуќанџик групата од Грчец. Тој е во Дубаи и со многу потешкотии ќе биде неговото апсење и можната екстрадиција во Македонија.

По бегството во Дубаи т.н Дуѓанџик група од скопското село Грчец која го држи нарко бизнисот во Скопје е осакатена. Другарот на Шеваљ, Орхан Бајрами-Оки беше убиен во Грција а во бегство е и Дритон Ибиши.

Бедри Зекири пак е еден од водачите на нарко групата „Барон“ кој се најде на списокот на помилувани лица од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Комисијата за помилување која е под директна надлежност на шефот на државата одлучила да му ја намали казната на Зекири и покрај негативното мислење на Министерстото за правда.

Со ова на Зекири казната му е намалена за шест месеци а во затвор ќе остане до 2027 година.

Нарко групата Барон на Зекири e во фокусот откако кај скопско Блаце беше убиен Зелкиф Туша.

фото Код

Зелкиф е татко на Ганиф пак кој е осомничен дека во Грција го убил Орхан Бајрами-Оки од спротиставениот клан Грчец/Дуканџик.