Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Aleksandar Nikoloski е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија.
Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор.
Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.
Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.
Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.