Вчера околу 17 часот Б.К (51) од с. Бозовце, вработен во ЈП-Паркинзи-Тетово пријавило  дека во кругот на ППЕ – Тетово дошло лицето Т.Б(44) од Тетово во видно алкохолизирана состојба и го побарал неговото возило марка ,,Поло” со тетовски регистарски ознаки, кое претходно му било подигнато поради погрешно паркирање.

Пријавениот сакал  без да плати да го земе возилото и влегол во него, го стартувал, но не успеал да тргне затоа што во предното лево тркало имало блокатор. Потоа Т.Б. излегол од возилото и физички го нападнал пријавителот. Б.К. веднаш го пријавил случајот во полиција и полициски службеници излегле на местото на настанот.

При обид да го приведат напаѓачот, тој физички ги нападнал, но бил совладан и приведен во ПС Тетово. По документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава