Тензично беше синоќа во Собранието. Навреди, пцовки, обвинувања. Многумина префрлија на собранискиот канал само само заради фаќање сеир. Од она што го видовме едно е јасно-власта нема парламентарно мнозинство и затоа им треба присуство на пратеници од опозицијата за да скрпи кворум од 61 пратеник за да почне седницата.
Но, тука е замката што власта сака да ја направи. Наместо веднаш да се прејде на гласање на пакетот антикризни мерки како што беше договорено, власта инсистира да прво да се заврши 32-та седница на која воопшто нема приоритени закони и за кои е заинтересиран само СДСМ и никој друг.
Затоа спикерот Талат Џафери беше нервозен.Тој е свесен дека мора да ги спроведува наредбите на Заев кој имаше најголема заслуга тој да биде поставен на чело на Собранието надвор од седница и без потребниот број на гласови.
Процедурално ме дупиш овде цел ден pic.twitter.com/9jmFbot1Pm
— Талент (@Ilovehuntelmer) April 15, 2021
Сега дојде време долгот да се врати и затоа Џафери се повика на процедури и на Деловник.
Јасно е дека Џафери може, но не смее да ја закаже 36 седница на која треба да се гласаат мерките за помош на граѓаните и има за задача да ја одолговлекува постапката колку што може.По процедура се разбира.
Причината е јасна, а тоа е дека во буџетот нема пари за да се помогнат граѓаните и сега со „купи ден помини“ политика се обидуваат да најдат решение. Едно од решението на кое размислува власта е ново задолжување преку евро обрзница или преку меѓународните кредитори. Но, и таму се помалку имаат доверба да им дадат пари па дури и со високи камати.
Значи да резимираме, не е до законите туку до немањето пари е.
Comments are closed for this post.