Ако Бугарија не отстапи од  барањата, можно е да не отпочне првата меѓувладина конференција во декември, вели премиерот Зоран Заев, по посетата  на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Бугарија.

За ваквиот загрижувачки тон, Заев  упатува  на тврдите ставови на шефицата на бугарската дипломатија Захариева, но убеден  е дека тој со премиерот на Бугарија,  Бојко Борисов ќе изнајдат решение.

-Разговорите помеѓу министерот Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите помеѓу Османи и Захариева не се баш добри. Тоа што е предложено од таа страна, ниту е добрососедско, ниту братско, најмлаку европско. Ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот народ дека можно е да не отпочне првата меѓувладина конференција во декeмври, рече прeмиерот Заев.