Иако членство на Македонија во НАТО по решавањето на спорот со Грција е техничко прашање, тешко ќе се оствари планот нашата земја на самитот во декември во Лондон. Причина за тоа е ратификациите на протоколот за членство во повеќе земји без кој не може да биде упатена покана за членство.
Досега 22 земји го имаат ратификувано протоколот а во 6 процедурите се во тек. Најпроблематична е Шпанија поради тоа што во моментов нема влада.
Изборите се закажани во ноември и тешко е да се очекува дека до крајот на годината ќе се формира Паралементот и да го усвои протоколот за наше членство.
Спикерот Џафери денеска објасни дека и без самит Македонија може да стане членка, ако не во декември тогаш на почетокот на следната година.
Европскиот совет на Алијансата може да одобри датум за прием. Не е неопхоно да се чека нов Самит- нагласува Џафери.
Во дипломатски кругови како неофицијален датум кога Македонија би можела да стане 30-та членка на НАТО се споменува 1 мај 2020 година.
Comments are closed for this post.