Наставничка од основното училиште „Владо Тасевски“ од општина Карпош е позитивна на коронавирусот, потврдија од Општината.
Станува збор за наставничка по англиски јазик во второ одделение.
По констатираната состојба (во средата), наставничката веднаш постапила по протоколите и мерките за самоизолација и останала дома. Заразена е надвор од училиштето, односно контактот со заразено лице од ковид-19 го имала надвор од рамките на ООУ ‘Владо Тасевски’. По консултација со епидемиолот, и согласно протоколот и алгоритмот предвиден од Комисијата за заразни болести, е одлучено, учениците од ова одделение да не одат во самоизолација“, одговориле од општина Карпош за порталот Курир.
Од Општината истакнале дека основните училишта, кои се под ингеренција на општина Карпош, максимално ги следат протоколите и мерките за заштита од пандемијата со ковид-19.
Comments are closed for this post.