Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ.
Според истиот функционер, оставката е неотповиклива и е од морални причини и лични причини, а доаѓа по првиот круг од локалните избори, на кои СДСМ доживеа дебакл и освои 5 советници во Град Скопје.
Официјално од партијата на Венко Филипче само потврдуваат дека оставката е доставена на Бихаќка.
„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста, велат за ТВ 24 од СДСМ.







Comments are closed for this post.