Повеќе од десетина новинари вработени во ТВ Нова, која сега е во стечај се тужени од страна на стечајната управничка за аванси за службени патувања.
Паричните средства на новинарите им се давани од страна на менаџментот на телевизијата за трошоци за време на службени патувања, во и надвор од државата. Новинарите по враќањето од службените патувања уредно се раздолжиле, но сметките од трошокот што го направиле едноставно исчезнале.
Но, стечајната Христина Јоновска сега бара парите да ги вратат и без никакво известување , новинарите добија тужби во кои се препорачува на судот на донесе пресуда дека тужени се виновни, односно судот да пресуди во корист на телевизијата. Во писмата што ги добиле од судот новинарите се известени дека имат осум дена да ги платат парите заедно со судските трошоци и тие воопшто не се ниски и изнесуваат од 20.000 до 200.000 денари.
Кога новинарите се обратиле до стечајната управничка што станува со парите кои телевизијата на име долг за плати им ги должи ним и дали може сумата да се одбие, таа им одговорила дека тоа не е можно.
Маките на новинарите од некогашната ТВ Нова траат уште од летото 2018 година кога телевизијата на Сеад Кочан отиде во стечај. Долгот кон 40-тина новинари е најмалку осум плати за што новинарите имаат поднесено тужби за побарувањата.
Но, две години од стечајната управниичка нема никакво известување до каде е постапката и зошто имотот на телевизијата не се продава за можат вработените да ги добијат своите побарување на име плати и придонеси.
Comments are closed for this post.