Куршум сокриен во јакна која требало да ја добие притворник во истражниот затвор Скопје во Шутка бил пронајден при претрес на пратка наменета за притвореникот.

Се работи за притвореник суден за теоризам и дел од најопасните од групата од Диво Насеље. На капија блиски луѓе му донеле облека како што се носи вообичаено пакет . Но при детална проверка бил пронајден куршумот. Истрагата утврдува зошто притвореникот од Диво Насеље требало да добие куршум, објави досие.мк

Во Шутка се случи и уште еден инцидент повторно поврзан со луѓе од случајот Диво Насеље. При рутниски претрес и проверка на соба притворениот Валдет Зекај го нападнал полицаецот кој си ја вршел работата. Зекај важи за опасното крило во случајот. Бунтовник кој и во текот на судскиот процес правеше тензии во судница.

На доживотна казна затвор за војната во Куманово се осудени и Анди Красниќи, Фејзулаки Фадуљ, Насув Бекири, Бек Бајра, Фејзула Руштими и Дем Шеху. Пресдуата не е правосилна.

Осудени се вкупно 33 лица, од кои 7 на доживотен затвор 13 лица на 40 години, 6 на 20 години, едно лица на 18 години затвор, две на 14, едно на 12 и три на 13 години затвор.

За четири лица судот донесе ослободителна пресуда затоа што обвинителството не успеало да докаже дека освен основано сомнение има и друго дело. За шеснаесет од осудените судот донесе одлука за трајно протерување од државата.