Универзитетската професорка Мирјана Најчевска е против одлуката на премиерот дека е потребно млади луѓе да раководат со високи функции во власта. Ваквата реакција доаѓа по предлогот на Заев, Нина Ангеловска да биде нов министер за финансии.
Имавме супер министер за финансии, кој беше разрешен затоа што не му се допаѓаше на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Не ни треба дете што му се допаѓа на Анѓушев. Јас сум многу голем противник на тоа да се поставуваат деца без никакво искуство со администрацијата на високи функции во власта. Ова сум го рекла пред 24 години и го кажувам повторно. Сите оние за кои ова го кажав пред 24 години, сега само ги потврдија моите аргументи – напиша Најчевска на Фејсбук.
Таа ја искоментира и изјавата на новиот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, дека неговото неискуство во политиката го смета за свој најголем адут.
Немањето искуство во балетот беше и мојот најголем адут во мојот прв настап во улогата на белиот лебед. Не знам зошто уште не сум поканета да ја продолжам мојата кариера како балерина. Можеби затоа што сега имам преголемо искуство – напиша професорката.
Comments are closed for this post.