Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот – ДУИ. Отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста мора да заврши, напиша Мирјана Најчевска на Фејсбук.

Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски.
Бегството е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат. Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело – напиша Најчевска.