Експертката за човекови права, проф. Мирјана Најчевска на својот Фејбук профил реагираше по изјавата на вицепремиерот Бујар Османи, кој тврди дека нема злоупотреба на парите од Фондот за пензиско осигурување.

Најчевска вели дека бидејќи парите не се наоѓаат таму каде што требало да се наоѓаат, „тоа се вика противправно располагање со туѓу средства или народски кражба“.

„Еве на пример, доколку директорот во мојот институт реши пари наменети за плати на администрацијата да ги подели како плати за научниот кадар тој ќе оди на суд и ќе биде соодветно санкциониран. Крадците одат во затвор. Тој кој шурува со крадци и самиот е или многу брзо ќе стане крадец.
Кога Османи ќе изјави дека тоа е направено од некоја претходна влада не е само смешно туку и безобразно.
ДУИ крадеше и мамеше 11 години како дел од таа претходна власт и продолжува тоа да го прави како дел од актуелната власт. Тоа што крадењето и мамењето го прави на албански јазик не значи зголемување на правата на Албанците во Македонија туку измотавање со сите граѓани во државата“, пишува Најчевска.

>