Веќе имаме еден круг од правници, кои ќе ги привлечеме. Политичарите нема да не уплашат. Тука станува збор за самоорганизирање на бугарските научници, правници, авторски агенции-дали се институтите на БАН, факултети или самите универзитети, дали еснафски организации како Сојузот на бугарски писатели, ние ќе ги атакуваме оние правни субјекти, кои си дозволуваат фалсификати.
Ова во денешното интервју за софиски „Труд“ го најавува писателот Димитар Томов.
-Во македонската реалност тоа не е македонската држава, туку Институтот за македонска книжевност при Скопскиот универзитет. А, може ли некој да каже или да оспори дека Скопскиот универзитет е создаден во 1943 година како клон на Софискиот универзитет „Св.Климент Охридски“ од страна на царот Борис Трети? Не, зашто ние сме им го создале универзитетот, вели Томов.
Томов во интервјуто говори за најавениот судски процес пред меѓународен суд за кражба на интелектуална сопственост и на авторски права. А, одговарајќи на прашањето каква ќе биде целта на тој процес, Томов меѓу другото вели:
-Не би го употребил зборот трибунал, зашто тој најавува некои други непријатни асоцијации. Основна цел и идеја на таков меѓународен процес е да престанат кражбите од страна на една млада нација, која со свој јазик постои 75 години т.е. од 1945. Апсолутно неприфатливо е да се краде интелектуалната сопственост, литература, култура, писатели, материјални споменици, кои постојат со векови. Не може таа млада нација да се обидува својот идентитет да го гради на база и на сметка на старобугарската и бугарската култура. Тоа ние треба судски да го спречиме.
Comments are closed for this post.