Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, во рамките на кампањата за референдумот од Тетово повика на тоа дека овој е важен историски момент потсетувајќи на една негова претходна изјава од пред шест години дека ситуацијата на Балканот била тензична, барајќи од меѓународната заедница и најголемите политички сили поголем ангажман за да им се стави крај на проблемите бидејќи бевме во опасност од Украина, и тоа не е далеку.
„Тогаш некои цинично се смееја, додека некои не знаеја каде е Украина и каде е Крим. Некои други сонуваа. Денес, дел од Украина е во инвазија, денес Украина е во војна, Крим е окупиран. Токму ова беше последната причина за да се направи потребниот чекор за да станеме дел од Европското семејство и дел од воено- политичкото семејство наречено НАТО“- рече Али Ахмети.
Лидерот на партијата кажа дека треба да работиме со охрабрување, затоа што на 30 септември, според него, се гласа за мирот, стабилноста, добрите меѓуетнички односи, економскиот развој, за подобра иднина и за тоа младите кои што сега ја напуштаат земјата да останат тука.
„Треба да работиме со посветеност сите политички партии, без разлика на нивната национална припадност. Особено ја повикувам ВМРО- ДПМНЕ да учествува во кампањата за референдумот, затоа што и тие исто така сакаат добри меѓуетнички односи. Овој референдум е обединувачки за Македонците и Албанците затоа што за прв пат тие имаат заедничка кауза за зачленување во ЕУ и НАТО. Има земји во истокот кои што не сакаат мир, стабилност и регионот да се насочи кон Европа, туку сакаат да остане дестабилизиран“, рече Ахмети.
Тој додаде дека за жал, има македонска политичка партија па дури и Албанци што, како што рече, и служат на ова темнина од истокот.
Според него, единствен пат е НАТО и ЕУ. Тој верува дека не е вистина тоа што некои Македонци мислат дека ќе го изгубат нивниот идентитет, културата и јазикот.
„Напротив, со нашето зачленување во НАТО и ЕУ, нашата земја ќе биде поцврста, идентитетот ќе се зацврсти, додека надвор од НАТО и ЕУ ова земја не може да преживее“- рече Ахмети.
Comments are closed for this post.