Премиерот Зоран Заев негира дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети разговарал за промена на трите државни симболи, знамето, грбот и химната.
Според Заев, етничките прашања се завршена работа. Сега приоритет е она што граѓаните најмногу ги интересира: поголеми плати, здравство, образование,…
Немаме разговарано, ниту имам намера, а и Ахмети не ме спомна мене. Може разговарале во некои кругови, во партија. За мене фоксуот треба да остане во инвестициите, зелената агенда, работните места, инвестициите во ТИРЗ-овите, домашните вложувања, платите – истакна Заев во вечерашното интервју на ТВ Телма.
Comments are closed for this post.