Два дена премиерот Заев молчи за предлогот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да се воведе кандидат за иден мандатар и тој да биде носител на кампањата која што партијата ќе ја спроведува.
Реакција на Заев се уште нема, со што потврдуваат теориите дека Заев знае оти ќе ги изгуби изборите и дека сака да се скрие зад пратеничкиот имунитет.
Последните скандали доведоа до драстичен пад на поддршката на власта па затоа е малку веројатно Заев да прифати ваков предлог, според кој поразениот кандидат за мандатар практично би се збогувал со политиката.
Досегашната пракса во Македонија беше лидерите од двете најголеми партии да се кандидираат за носители на некоја изборна единица, но нема законска обврска дека токму тие треба да бидат и мандатари за состав на владата.
Сепак, партијата која ќе успееше да направи влада го предлагаше мандатарот кој вообичаено беше и претседател на партијата. Поразениот пак, остануваше пратеник со што добиваше имунитет, иако неговата опција ги загубила изборите.
Експертите се согласни дека воведувањето на иден мандатар во Изборниот законик е добро за демократскиот капацитет, за легитимирањето пред гласачите со цел истите да бидат запознаени која личност ќе биде носител на извршната власт, но и ќе ја сноси одговорноста пред гласачите кои му ја дале поддршката.
Comments are closed for this post.