Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одби да даде изјава за медиумите на местото „Три чешми”. Тој само направи увид на градежни работи.
Прашања кои Заев му беа поставени се во врска експлозивот кој синоќа беше фрлен над семејната продавноца на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во скопската општина Ѓорче Петров.
Заев требаше да одговара и за новите снимки кои се појавија а според кои се отворија индиции дека парите од рекетот завршиле кај него и кај неговиот брат.
Comments are closed for this post.