Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.
Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.
Во конкуренција за оваа престижна награда беа и премиерите на Македонија и на Грција за Договорот од Преспа со што се реши спорот за името.
Comments are closed for this post.