Некако незабележано и со соопштение од неколку реда помина информацијата од Уставниот суд дека се  разгледува на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието.

Врз основа на дискусиите на судиите, како и поради значењето на предметот, се зазеде став седницата да продолжи во наредните денови за што јавноста ќе биде известена навреме.

Уставниот суд и во услови на вонредна состојба продолжува да ги извршува своите уставни надлежности и ја следи и анализира состојбата со донесувањето на уредбите со законска сила од страна на Владата на Република  Македонија-стои во соопштението на судот.

Ваквата можност пред две недели ја навести претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој објасни дека Владата со уредба не може да ја укине одлуката за самораспуштање на Собранието, тоа е во единствена надлежност на Уставен суд.

Доколку Уставниот суд ја поништи одлуката на претениците за самораспуштање тогаш тие би можеле веднаш да се вратат на работа и Собранието станува повторно активно.

Бидејќи во моментов има вонредна состојба и Владата уредба носи закони кои мораат да бидат потврдени од Собранието веднаш штом тоа ќе се состане.

За време на вонредната состојба владата донесе неколку контоверзни одлуки како што е одлуката за испата на платите од поранешното СЈО како со изработка на нови монети на кои треба да стои новото име на државата.

Доколку Собранието повторно се состане овие, и сити други уредби треба да бидат изгласани од страна на пратениците.