Цел ден владата молчи пред заканите на бугарсската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за бугарско вето ако Македонија не ја прифати историската вистина дека има бугарски корени. Дури денеска, по прозивките од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и на медиумите, владата го кажа својот став за Фактор.

 

Во изјавата за порталот, се вели дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се факти потврдени од Обединетите нации и за ова не смее да постои дилема.

Владата на Република Македонија е за дијалог којшто ќе доведе до решенија на отворените прашања. Сметаме дека во оваа фаза, со давање политички изјави, не треба да се нарушува процесот на разговори којшто се води меѓу двете министерства за надворешни работи, сметаат од Владата, објавува Фактор.

 

Владата е подготвена да прифати појаснување на одредени загрижености коишто постојат во Софија и се надева дека гледајќи низ позитивна призма, Македонија ќе ја оствари целта- до крајот на годината да ги почне преговорите за членство со Европската унија.

Потсетуваме дека нема потреба од нов договор, ниту од анекс на Договорот. Факт е дека имаме заедничка историја којашто е потврдена во Договорот за доброседство, пријателство и соработка и ако се фокусираме кон иднината, заедничката историја треба да се искористи за да се најде решение. Владата ги охрабрува експертите од заедничката Комисија за историски прашања да продолжи кон изнаоѓање решенија, велат од Владата за Фактор.