Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Ј.П. (39) и Р.П. (39), двајцата од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“.
Пријавените, на 5 април годинава без добиена согласност, прибирале, обработувале и користеле лични податоци на женско лице од Охрид и без нејзино знаење ги објавиле на веб страна за огласи.
Дополнително, двајцата пријавени, неовластено и креирале неколку профили на социјалната мрежа фејсбук.
Comments are closed for this post.