Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител“.
-Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица Јанева, едно со друго нема „блага врска“. За Собранието да не ги кочи постапките на барање на Советот на обвинители, тоа ќе постапи. Нашето укажување и писмено го дадовме, дека ќе дадеме поддршка во Парламентот, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, истакна Заев.
Comments are closed for this post.