Жестоко беше денеска во Уставниот суд. Се расправаше за Законот за јавно обвинителство. Поранешниот министер за правда Михајло Маневски, СМК, и адвокатот Томе Тодоровски го оспоруваа Указот што го потпиша преетседателот Пендаровски откако тој беше усовен по вторпат, откако првиот пат не го добие потребното двотретинско мнозинство.
Спикерот Џафери го бранеше законот и тој вели дека морал да го стави на повторно гласање бидејќи првиот пат на двајцата пратеници Ферид Мухиќ и Самка Ибраимовски не им бил регистриран гласот.
Поранешниот министер Маневски вели дека Џафери нема никакво овластување да поништува гласање.
-Со оглед на тоа дека е повреден Деловникот и дека гласањето не може да биде поништено, претседателот е должен да ги соопшти резултатите од гласањето, колку пратеници се „за“, колку против, коилку воздржани и да соопшти дали законот е донесен или не е донесен. Ако го нема потребното мнозинство, во конкретниот случај двотретинско мнозинство, очигледно е дека законот не е донесен. Повредени се и многу материјални одредби, рече Маневски.
Судот на денешната подготвителна седница одлучи дека ќе му биде потребно дополнително време за да донсе одлука дали ќе го поништи Законот за јавно обвинителство
Comments are closed for this post.