Ковачевски и Груби не воделе сметка за интересите на граѓаните и на Македонија, штом потпишале ваков штетен договор за изградба на коридорите. Ако не се воделе од интересите на граѓаните може само да замислиме какви други интереси имале овие двајца.
Патем овој договор кој криминалното дуо Груби и Ковачевски го кријат од јавноста содржи делови според кои тие презеле обврски да изменат закони во конкретен реок, меѓу кој и законот за работни односи со кој треба да се воведе 60 часовна работна недела, и доколку тоа не го спроведат до точниот рок, тогаш Македонија ќе има допоплнителни трошоци или пенали од 53 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, тоа не е се, дополнително владата се обврзала ако не се променат законите да исплаќа екстра 2,1 милион евра месечно додека трае изградбата која плус ќе биде пролонгирана.
Зијан до гуша. Приватната компанија да го преговараше договор со портирот во влада немаше вакви поволности да добие, затоа што тој сигурно има повеќе сенс за државни интереси од Груби и Ковачевски.
Со овој договор кој е базиран на непостоечки закони, кој предвидува тешки штети за буџетот и кој се коси со Одлука на Уставниот суд не им бега кривичен прогон и кривична одговорност и на Груби и на Ковачевски и на останатата екипа вмешана во ова. Не е крива Бехтел и Енка што премиерот Таче има лепливо раче. Тоа раче ги осиромашува граѓаните и прави штета на буџетоти затоа час поскоро треба да се тргне од премиерскиот кабинет.
Comments are closed for this post.