Паника се крена на социјалните мрежи дека во дворот на УКИМ бесплатно им се делат апчиња на студентите со образложение дека се добри за концентрација.
Им давале по две капсули бела боја, со уптаство дека едната треба да ја испијат кога ќе почнат да учат за колоквиумите, а другата на денот кога ќе полагаат. Им објасниле дека тоа е добро за концентрација, раскажа на фејсбук еден загрижен родител.
Според објавите на фејсбук се делеле апчиња и во библиотеката до Градежен факултет.
По бројните прашања, што се случува на УКИМ, какви се тие апчиња што се делат, и информации дека е повикана дури и полиција, се појавија обрзаложенија дека наводно апчињата биле суплементи за зголемување на концентрација и енергија, дека се на природна база и оти се продаваат во сите аптеки. Тоа што вчера се случувало во дворот на факултетите и кај библиотеката било промоција, со тврдење дека се тестирани и одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пресинг Тв побара потврда и објаснување од АХВ. Од таму ни потврдија дека тие дале одобрение.
Производот Vigorix intense, 30 капсули, произведен од “Herba Medica d.o.o Preserska cesta 5, 1235 Radomlje, Словенија” а увезен и ставен на пазарот во Р. Македонија од страна на операторот со храна Бионика Фармацеутикалс, доо ул. Скупи бр.15, 1000 Скопје” е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство како додаток на исхрана со Мислење бр. 18-5274/2 од 28.07.2015. Производот е одобрен по утврдување на усогласеноста на приложената документација за производот со националните прописи кои се однесуваат за оваа група на производи и документите – Известување од Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје и Стручното мислење од страна на Институтот за предклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија при Медицинскиот факултет од Скопје дека производот не е лек“, појаснија од АХВ.
Компанијата пак што го увезува додатокот добила дозвола од УКИМ да го промовира производот.
Ова дополнително ги налути родителите, кои остро ги критикуваа УКИМ и компанијата.
За вас е нормално апчиња да се промовираат на млади луѓе пред образовни институции?? Кој мудрец ја правеше промоцијата????, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.
Comments are closed for this post.