Обвинителката Вилма Рускоска беше видно нервозна по денешното сведочење на вештакот Мирослав Котевски кој со анализа на телефонските броеви на Александар Василевски и на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски докажа дека обвинетите немале никаква комуникација со Нинџа на 27 април 2017 година.
Но, тоа не и се допадна на Рускоска која се жалеше кај судијата Илија Трков дека вештакот ги вештачел разговорите на Нинџа врз основа на скенирани докази а не врз оригналните документи.
На тоа се спротистави адвокатот Еленко Миланов кој објасни дека дека вештачењето е направено врз основа на докази кој и судот ги поседува.
Судијата Трпков го запраша вештакот дали ако мобилниот телефон е исклучен дали тоа се регистрира во базните станици на што тој одговори потврдно, односно дека уредот е постојано уклучен на некоја базна станица.
Во доказите нема податоци кога му е исклучен мобилниот телефон каде тој се наоѓа-објасни Котевски.
Comments are closed for this post.