Во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020, премиерот Зоран Заев на почетокот на ноември ќе престојува во Софија, каде ќе има средба со неговиот бугарски колега Борисов.
На средбата се очекува да се постигне одредено приближување на позициите околу спорните прашања меѓу двете земји поврзани со историјата, јазикот нацијата кои ги проблематизра бугарската страна.
Сакам да ја посетам Бугарија и не го кријам тоа што е моја желба, првата моја официјална посета од соседните земји да биде Република Бугарија заради пријателството, заради тоа што првиот мандат почна така и верувам дека големи успеси на државата се прокнижија во целиот овој период и верувам дека тоа ќе се случи“, вели Заев, според кој кога ќе има излезни решенија со Бугарија веднаш ќе бидат соопштени.
Comments are closed for this post.