Претседателот на државата Стево Пендаровски и неговиот Кабинет не земаа плата за минатиот месец, бидејќи Министерството за финансии нема дополнителни средства за исплата на платите, потврдија од Кабинетот на претседателот.
Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5 проценти на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Според нив, ова образложение е неосновано
Барањето за финансиски средства за плата за месец јануари 2023 година, кое Кабинетот на претседателот го достави до Министерството за финансии е изработено во согласност со Законот, во рамки на одобрените средства во Буџетот на Република Македонија за 2023 година, буџетскиот корисник – Претседател и во согласност со Колективниот договор за вработените при Претседател на Република Македонија, додаваат од Кабинетот.
Comments are closed for this post.