Поради основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот Никола Груевски нелегално да ја напушти Република Македонија, Обвинителството почна предистражна постапка.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија – се наведува во соопштението Јавното обвинителство.

Како што се посочува во соопштението, предметот е доделен на надлежен обвинител и во рамки на предистражната постапка издадени се наредби за прибирање податоци поврзани со настанот.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој тебаше да се јави на издржување на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“, под се уште неразјаснети околности замина во Унгарија, каде што бара политички азил.