По констатирањето на оставката на оставката на поранешниот премиер Никола Груевски, на негово место во парламентот ќе седне Ѓоко Камчев.
Тој е следниот од листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица на парламентарните избори во 2016 година. Камчев бил 11тото место на листата чиј носител беше Груевски, кој тогаш како лидер на партијата, беше носител на листа во „четворката“ за директно да се соочи со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Спикерот Талат Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминатите шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без тнегово присуство на седницата.
До пред стартот на седницата постоеше дилема дали оставката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одземање на мандатот поради шестмесечно неоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.
Comments are closed for this post.