Во текот на следните недели се очекува разврска околу терминот за претседателските и парламентарните избори, но и за кандидатите кои ќе се „борат“ за највисоките државни функции.

Уставните измени се токму за продолжување на европскиот пат на државата. Сега зависи исклучиво од нас. Сега зависи од тие 120 пратеници во Собранието. И ако ме прашате дали има доволно пратен

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски смета дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии, вели тој, јавноста ќе биде информирана кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот.

Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

Во моментов, информира Ковачевски, течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е веќе финализирано во најголема мера и многу скоро ќе се најде на владина седница, како и на седница во Парламентот при што ќе се добие целосно усогласено законско решение.

-Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите, истакна Ковачевски.

Кога се прават коалиции, подвлече Ковачевски, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат, пред се, на визијата за модерно општество и модерна држава.

Штом Заев е фатен во криминал, веднаш почнува со ветување на милијарди инвестиции. Ако се соберат досегашните најави на Заев сигурно има ветено проекти од десетици милијарди, а нема реализира

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.

-Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори, потенцираше Стоилковски.