Овие неколку постновогодишни денови ќе бидат мирни на македонската политичка сцена. Тензијата се очекува да се случи веднаш по Божик бидејќи за девети јануари е закажана седницата за промена на Уставот, согласно договорот од Преспа.

Ова ќе биде, трета, финална фаза, во која ќе се гласа за четирите амадмани со кој новото име на државата ќе биде Репубика Северна Македонија“ за севкупна употреба.

За ова да се случи е потребно двотретинско мнозинство за кое премиерот Заев рече дека се уште го нема обезбедено.

За во среда пред Собранието е закажан протест на здружението „Македонија блокира“ кое бара пратениците да не го официјализираат овој за нив, капитулантски договор.

Доколку во Македонија утавните измени поминат, процесот се сели во грчкиот парламент каде треба да биде изгласан Договорот од Преспа и ратификацијата на протоколот за прием на Македонија во НАТО.