На единаесет медицински сестри од ГОБ „8-ми Септември“ не им се признава факултетското образование со што платата им е помала за околу 10 илјади денари споредено со она што би им била со факултетско образование, вели за „Слободен печат“ медицинскиот техничар Саше Илиевски.
Илиевски вели дека тие поднеле барање кое било одобрено од директорот на болницата Кристијан Костов, но немаат одговор иако некои од нив тоа го направиле пред една година.
Ни велат дека ќе се разгледа нашето барање, но кога, нема временска рамка. Се упативме кај главната сестра, кај правникот, па и во Министерство за здравство. Сите документи ни се поднесени. Во што е закочен процесот на признавање на високото образование на медицинските сестри кои сме редовно вработени? Во некои други институции од секундарното здравство ваквото образование е признаено“, вели Илиевски за „Слободен печат“.
Министерот за здравство доктор Венко Филипче рече дека се бара решение за овој проблем.
Тој најави зголемување за пет отсто на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.
Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април, изјави Филипче.
Comments are closed for this post.