По денешната објава на фејсбук од страна на лидерот на лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски дека минатата недела полицијата упадналоа во домот на петнаесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ, се јавија од МВР.
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на г-динот Христијан Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата. Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно, стои во соопштението од МВР.
Comments are closed for this post.