Се бараат работници на градилиште во Дубаи. Се гради облакодер од 80 ката. Инвеститорот е наш човек, плата солидна, пријавени од прв ден. Шифра Зоки од Муртино. Имате и бесплатен оброк, а додека работите на скеле ќе ви пее Теа Таировиќ.

Нашиот поранешен премиер стана бизнисмен. Нека му е со среќа. Во стилот на шеиците од Дубаи и Зоки почна да гради зграда. Да врти парата. Откако со Филипче отидоа на журка со Харис Џиновиќ не се излезени од Дубаи, наведува авторот на колумната „5 минути со Чавез“

Оваа вест дека Заеви градат зграда во Дубаи ја објави бугарската агенцција БГНЕС. Ви текнува кои беа тие?лрашува авторот?

Оние де за кои Заев го даде славното интервју дека Македонците и Бугарите имаат заедничка историја. Познато дека БГНЕС е контрлирана од бугарските служби, што значи дека информацијата е 102, 3 посто точна.

Којзнае дали Обввинителството на Ључчо Коцевски има разбрано за инвестицијата на Заев па по допрен глас да го викне да даде исказ. А Заев не е учен да оди кај обвинители, туку по негова нарачка беа викани луѓе.

Додека не го смениле, Коцевски за да покаже дека нешто сработил moже да се повика на Законот за девизно работење и за конфискација на имот. . А кога се работи за почитување на законите Заеви се најаки. Им нема рамен.

Заев уште со цел памет зел да демантира, додека неговата внука Ева Заевва, на Вице де, позира на Инстаграм качена на врвот на некоја зграда во Дубаи. Убава таа на чичо. Или пак ќерка му Александра лета со падобран над Дубаи. Живот си живеат.

Пред неколку емисии реков дека лидерите на коалицијата Вреди се изгорени да бидат како оние од ДУИ. Просто обожаваат да ги имитираат.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами и министерот за здравство Арбен Таравари уценуваат дека за поддршка за промена на грбот ќе мора да се смени химната.

Не им била доволно певлила „Денес над Македонија се раѓа“ па сакале нова химна. Не знам само што би ставиле во химната за и тие да ја пејат. УЧК, Адем Јашари, Арачиново, Рамковниот договор. Не е до химната, до аздисаноста е.

Еве на Попова Шапка се славеше Денот на независноста на Косово. Градоначалникот на Тетово Билал Касами ги повика граѓаните да ја посетат Kodra e Diellit! . Оваа Кодра во Македонија е или на Косово?

Потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс одржа историски говор во Минхен. Ушобол за европските демократи. Им кажа се што не сакаа да слушнат, и тоа на нивен терен.

И тоа дека нема да бидат на масата кога ќе се решава судбината на Украина и за дезинформациите и факт чекерите и за поимот демократија кога само тоа на ЕУ и одговара ним.

Кој можеше до пред само неколку месеци да поверува во ваков пресврт на политиката на светско ниво. Работите се менуваат, за среќа на подобро.

Војната во Украина кај да е ќе заврши. Билансот -разрушена држава без 20 посто од својата тери торија а згора на тоа ретките минерали ќе треба да ги даде на управување на Америка.

Ќе ја делат Украина како Македонија 1914 година во Букурешт. Па браво Зеленскки, народот ќе ти суди, кога тогаш.