Уставните измени се неопходност и нема алтернатива по однос на зачленувањето на Република Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани, на прес-конференција по првата официјална средба со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Муртезани вели уставните измени секако дека ќе се случат, меѓутоа тоа треба да биде на еден инклузивен процес во кој ќе има широк национален консензус.
Како коалиција Вреди го кажавме нашиот став дека уставните измени се неопходност и дека нема алтернатива по однос на зачленувањето на Република Македонија во ЕУ. Секако дека ќе се случат уставните измени, меѓутоа ние во минатото сме виделе дека тој треба да е еден инклузивен, поширок процес за да има широк национален консензус – рече Муртезани.
Вели обидот на претходната влада да ги спроведе уставните измени без опозицијата да биде вклучена бил погрешен.
Претходната влада проба тоа да го направи без ВМРО-ДПМНЕ и знаеме како тоа заврши. Уште дополнително во новата Влада ни дава за задача дека ова мора да е поинклузивен процес. Добро е тоа што нема дилеми за зачленувањето на земјата во ЕУ и евроатлантскиот пат. Тоа што се успорува е протоколот којшто извира од преговарачката рамка. Секако дека во блиски преговори и разговори со ЕУ и со Владата ќе видиме кое е најдоброто решение без притоа да создаваме проблеми на патот кон евроинтеграцијата – рече Муртезани.
Comments are closed for this post.