Moето доживување на ова што ни се случува е нешто за кое се жртвува животот. Мандатот на секоја и на оваа влада за промена на уставот ни го дава првата влада која ги почна преговорите за името.Легимитетот на оваа влада е апсолутно наследен, вели пратеникот Ферид Мухиќ во обраќањето во Собранието. Тој на крајот од говорот нагласи дека ќе гласа за уставни измени.

Во однос на договорот тој е лош, затоа што ако пристапувате да разговарате за промена на своето име не може да биде добар. Ова не е билатарален договор туку мултилатерален.Кога сте прифатиле да го смениме името веќе не можеше ништо да се направи.Ако оваа влада не го потише некоја друга ќе мора да го потпише. Во врска со референдумот јасно е дека тој не успеа цензусот не е исполнет. Проблемот е суштински, овој договор веќе предизвикува поделби.Референдумот покажува дека нема друго чаре но договорот не можеше да биде подобар.