Најважно е што Резолуцијата произлегува од МАНУ и Универзитетот „Кирил и Методиј“ и е документ кој се потпира на научен фундамент од две врвни институции.

Документот утврдува дека за прашања како што е историјата, јазикот и други идентитетски прашања никој полтичар да нема мандат да преговара, објаснува Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во интервју за „Република“ нагласува дали власта игра некакви игри со тоа што најпрво ја одби за потоа да излезе со став дека ја прифаќа Резолуцијата и кога очекува да влезе во собраниска процедура.

Подолг период има однесување на мнозинството во Собранието кое што е далеку од демократски. Претседателот Џафери си го толкува Уставот и Деловникот како што тој смета.Доколку намерите на мнозинството е да подржат една ваква Резолуција може таа да дојде на дневен ред и до крајот на месецот.Има време, но можно е да видиме повторно еден лицмерен пристап во надворешната политика, односно декларативно да кажат дека стојат позади овој текст, но во пракса користејќи едни вакви процедурални методи да го кочат донесувањето. СДСМ е партија која често ги менува ставовите и се што кажуваа дека нема да направат направиле и обратно така да мене не ме изненадува оваа нивна промена на ставот. Делата, односно она што го поддржуваат во парламентарното работење укажува на тоа дека не се искрени во намерата да поддржат една ваква Резолуција-вели Муцунски.

Тој е убеден дека оваа содржината на оваа Резолуција, за разлика од бугарската не е провокативна, нема за цел да наштети на билатералните односи ниту пак да и наштети на европската интеграција на Македонија.

Но, таа има за цел да заштити македонскиот национален идентитет-јасен е Муцунски.

Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.