Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на вечерашниот митинг вети бројни проекти. Тој најави реализација на четири нови градинки, со нула трошок за родителите, кино, театар, читална, забавен парк, современа, модерна и урбана општина, како директна словенска помош за пристап до европските фондови.
– Додека власта не навредуваше, во Љубљана постигнавме договор за директна словенска помош за пристап до европски фондови за општина Аеродром. Ние внатре во државата сме опозиција, но надвор работиме единствено и само во интерес на секој еден од вас. Навредите и клеветите се одраз на немоќ и незнаење, порача Муцунски.
Како дел од програмата, тој најави враќање на душата на маалскиот живот, преку збогатување на непосредната комуникација, заеднички дружења, почитување на обичаите, вредностите и организирање на традиционални и современи културни настани.
– Општината ќе ја дигитализираме преку проект наречен „Смарт Аеродром“ кој ќе бидат водилка кон создавање на современо деловно окружување, вели Муцунски.
Од митингот во Аеродром, тој порача оти нивниот пристап е базиран на чесност, иновативност и работа. Муцунски повика да се надминат сите бариери и да се поддржи концептот за чист, зелен и безбеден Аеродром.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање од митингот во Аеродром порача дека со Зоран Заев државата е подалеку од Европската Унија и дека желбата за крадење е поголема од чувството да се брани државата и иднината на народот.
Comments are closed for this post.