Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи. Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, информира дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес.
Како што наведува Алексов, според информациите на граѓанската асоцијација, сите гласачки места се отворени навремено и гласачкиот процес е почнат без проблеми.
Алексов информира дека на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навредлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ. Исто така, во гласачко место во село Рич било прекинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.
Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излагаме со проверени и потврдени информации – нагласува претседателот на МОСТ.
Comments are closed for this post.