Граѓанската асоцијација МОСТ на прес-конфреренција соопшти дека одзивот на гласачите според ПВТ Програмта на МОСТ до 16 часот е 26 отсто со маргина на грешка од +/- 0,4 проценти.
Како што изјави извршниот директор Дарко Алексов, од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени се и потврдени информации дека на гласачко место 2893/1 во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список, додека на гласачко место 2828 во општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.
Доколку граѓаните не можат да се пронајдат во Избирачкиот список на избирачкото место во кое обично гласаат ги советуваме да ги проверат описите на останатите избирачки места во објектот или да проверат на веб-страницата izbirackispisok.gov.mk со цел да го лоцираат точното избирачко место каде што можат да гласаат, истакна Дарко Алексов на прес-конференцијата на МОСТ.
Comments are closed for this post.