Решението на Кривичниот суд со кое се одбива барањето за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина во Србија, се уште не е пристигнато во Врховниот суд.
Оттаму велат дека откако ќе пристигне кај нив, решението ќе биде испратено за мислење до Јавното обвинителство. Соред законската процедура, откако ќе го изготви мислењето Обвинителството го враќа предметот во Врховен суд каде за него ќе одлучува совет од пет судии во рок кој е определен од Кривичниот суд. Како што посочуваат од Врховниот суд, тоа не би требало да биде подолго од ден или два.
Пратеникот Иван Стоиљковиќ пак објаснува дека ситуацијата околу поранешниот припадник на УЧК Томор Морина е повеќе од јасна и оти тој сигурно нема да биде испорачан на Србија, Според него, одлуката на Кривичниот суд воопшто не е изненадување.
Изненадување е само за неупатените. Се знаеше дека нема да биде испорачан. Неговото апсење исто така беше темпирано за да се оттргне вниманието од другите скандали на власта. Македонија со низа постапки докажа дека не го почитува меѓународното право, проблемот е ако тоа стане пракса- вели Стоиљковиќ за Пресинг ТВ.
Откако Кривичниот суд донесе одлука дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК, сега следува уште едно мислење од надлежното Обвинителство кое заедно со решението од кривичниот совет ќе биде испратено до Врховниот суд кој може да ја потврди, отфрли или преиначи одлуката на Кривичниот суд.
Потоа, конечната одлуката со која се одобрува или не екстрадиција на Томас Морина според македонскиот закон за меѓународна соработка во кривичната материја ја носи министерот за правда.
Експертите што ги консултираше Пресинг ТВ велат дека нема конретен рок кога Врховен треба да ја донесе одлуката за Морина, но оти најмногу што можат да го држат во екстрадициски притвор е шест месеци.
Comments are closed for this post.